Општина Охрид организира jавна презентација и расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план вон населено место – Горица Север.

Заинтересираните граѓани и правни лица можат да го видат Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина во Одделението за заштита и влијание врз животната средина, секој работен ден од 8 до 16 часот заклучно со 4 мај, а истиот е достапен и преку веб-страницата на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mk

Јавната презентација и јавната расправа по документот ќе се одржи на 23 овој месец во големата сала на Општина Охрид со почеток во 13 часот со задолжително носење маски и пропишана дистанца согласно протоколите за заштита од Ковид 19.

Правните и физичките лица и јавноста, наредните 30 дена можат да достават свое мислење во врска со Извештајот. Сите заинтересирани може да дадат своето мислење, забелешки и предлози по Нацрт-извештајот и да ги испратат преку електронска пошта на адресата zivotna sredina@ohrid.gov.mk, или по пошта на адресата Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2021 12:32