Возачот на Ферари, Шарл Леклер, објави дека сака да ја претставува Скудерија по завршувањето на сегашниот договор.
– Сега имам договор до крајот на 2024 година, но веќе би сакал да го продолжам. Сакам да останам во тимот уште подолго. Верувам во Ферари и луѓето што работат тука, ги пренесува „Ла Република“ зборовите на Леклер.
Возачот од Монако, вози за Ферари од 2019 година. Тој има две победи, седум пол и 12 подиуми во Формула 1 шампионатот.