На 05.04.2021 околу 19 часот во село Матка, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(51) од село Матка.

Кај него при преглед бил пронајден пиштол „берета“ калибар 9 мм, а според пријавеното пукал со пиштолот и организирал семејна веселба во својот двор, спротивно на прописите за заштита од ковид-19.

По претходна пријава, во дворот од неговата куќа полициски службеници извршиле контрола, при што биле затекнати двајца музичари и поставени маси.

Поради сомнение дека постапиле спротивно на препораките за заштита од Ковид-19 од слобода биле лишени и Е.С.(22), од село Матка, И.Ј.(56) од село Камењане, тетовско, Ш.Р.(52) од Скопје и Ф.А.(28) од село Србиново, гостиварско. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2021 00:50