Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека државата со сојузници и партнери разговара за можноста за бојкот на Олимписките игри во Пекинг, Кина.

– Дел од нашиот пристап кон оваа Олимпијада ќе вклучува тесна консултација со нашите партнери и сојузници ширум светот. Има уште време пред игрите. Не сакам да поставам никаква временска рамка, но дискусијата е веќе во тек, изјави Прајс за „ЕСПН“.

Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.

Соединетите Американски Држави можат да ги бојкотираат игрите во Пекинг поради кршењето на правата на Ујгурите, како и на жители на Монголија и Тибет. На 6 февруари беше објавено дека Норвешка презела иницијатива за бојкот на ЗОИ во Кина.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2021 10:55