Британскиот инвестициски фонд „ЦВЦ Капитал Партнерс“ во многу скоро време ќе ја соопшти својата немара за купување на јапонската корпорација „Тошиба“, јави денеска јапонскиот бизнис портал „Никеи“.

Порталот наведува дека износот на трансакцијата може да биде два билиона јени или повеќе од 18 милијарди долари.

„Никеи“ посочува дека тоа може да биде најголемата аквизиција на некоја јапонска компанија и дека, со оглед на важноста на „Тошиба“, во преговорите за условите на продажбата би требало да се вклучи и јапонската Влада.

„Тошиба“ во последниве години доживуваше криза, особено поврзана со големиот скандал околу фалсификувањето на финансиските извештаи.

Компанијата претрпува и големи деловни загуби, поврзани со учеството во изградбата на нуклеарни централи во САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2021 12:25