Полска ќе ги продолжи рестриктивните мерки до 18 април, бидејќи и понатаму е голем притисокот врз здравствениот систем, изјави денеска министерот за здравство Адам Ниедзиелски.

Тој посочи дека ситуацијата во болниците е многу тешка посебно во јужниот индустриски регион Шлезија.

Денеска речиси 34.700 пациенти се хоспитализирани поради Ковид-19, а над 3.300 пациенти му е потребна кислородна поддршка. Исто така денеска се пријавени околу 15.000 новозаболени и 638 смртни случаи, со што вкупниот број на жртви изнесува 55.703.

Кон крајот на март, Полска го ограничи бројот на луѓе кои можат да посетуваат големи продавници, затворени се фризерски и козметички салони, како и градинки и дневни центри. Исто така беа затворени хотелите, базените, спортски сали и спортски објекти на отворено, како и училиштата, а настава се одржува од далечина. На рестораните им е дозволено само да доставуваат храна.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2021 14:22