Премиерот на Баварија, Маркус Зедер, денеска изјави дека германската покраина ќе купи 2,4 милиони дози од руска вакцина Спутник В против Ковид-19 доколку добие одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Зедер наведе дека Баварија треба да потпише соодветни договори за испорака на вакцините, која најверојатно би се реализирала во јули.

По одобрение Брисел, компанија во баварски Илертисен треба да почне со производство на руската вакцина Спутник В.

Поради зголемувањето на бројот на заразени, Баварија го одложи олеснувањето на ограничувачките мерки за две недели.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2021 23:49