Пандемијата со Ковид-19 ќе продолжи да го зголемува глобалниот јавен долг и во 2021 година, но зголемените трошоци за забрзување на вакцинацијата се најбрзиот начин да се почне со нормализирање на јавните финансии, објави денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

ММФ во својот извештај „Фискален монитор за 2021 година“ наведува дека со ставање под контрола на Ковид-19 со побрза вакцинација на глобално ниво, до 2025 година, приливот на даночни приходи во развиените економии може да се зголеми за над еден трилион долари.

Кога истото сценарио ќе се примени на економските прогнози на ММФ, глобалниот бруто домашен производ може да се зголеми за девет трилиони долари во истиот период, бидејќи повторното отворање на компаниите и вработувањето би биле забрзани.

– ВАКЦИНАЦИЈАТА, СПОРЕД ТОА, ЌЕ СЕ ИСПЛАТИ ПОВЕЌЕ ОД СЕ, СЕ НАВЕДУВА ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ММФ.

За време на виртуелните состаноци на заедничката пролетна сесија оваа недела, ММФ и Светска банка ги охрабруваат земјите-членки да продолжат со фискалната поддршка за нивните економии и ранливите социјални групи и бизниси се додека не се стави под контрола пандемијата.

ММФ проценува дека владите ширум светот, од почетокот на пандемијата до 17 март годинава, фискалната поддршка за Ковид-19 чинела околу 16 трилиони долари.

Според ММФ, фискалните дефицити во повеќето земји ќе се намалат малку во 2021 година поради истекот или прекинувањето на програмите за поддршка на пандемијата, падот на помошта за невработените и зголемување на приходите во буџетот со повторното отворање на деловните активности.

ММФ предвидува дека просечниот буџетски дефицит во развиените земји минатата година достигна 11,7 проценти од бруто домашниот производ, четири пати повеќе од 2019 година кога изнесуваше 2,9 отсто, а годинава се се очекува да падне на 10,4 проценти



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2021 23:51