Притвор во траење од 30 дена им е изречен на шест лица осомничени во случајот „Двојник”, потврдија за МИА од Кривичниот суд Скопје.

Ова мерка Судот му ја одредил и на уште едно лице, кое е во бегство, а на тројца осомничени им се изречени мерки на претпазливост.

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе две кривични пријави – едната од Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги и втората од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Со пријавите се опфатени вкупно 11 лица за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 1 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2021 01:36