Слабите врнежи изминатиот период придонесоа нивото на Охридското Езеро да биде под просекот за месец април.

Нивото на езерото денеска е на котата 693,35 метри надморска височина, што е 24 сантиметри под просекот за април или 25 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10).

Хидролошката ситуација не е алармантна доколку се има предвид дека сушнииот период есента резултираше нивото на Охридското Езеро да се спушти на 693,09 м.н.в. или сантиметар под дозволениот минимум.

Температурата на водата е во рамки на просекот на февруари, односно денеска таа изнесува девет степени Целзиусови.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2021 13:54