Најцрна Ковид статистика за Штип од почетокот на пандемијата. Во изминатите 24 часа во Ковид центарот починаа петмина штипјани, на возраст од 48 до 79 години. Според извештајот на болницата во Ковид центарот се хоспитализирани 86 пациенти, од кои на 46 им е потребна кислородна поддршка.

Во меѓувреме штипскиот Затвор го има вториот бран на заразени од почетокот на пандемијата. Петмина осудени лица и двајца вработени се позитивни на корона вирусот.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров вели дека тројца од осудените лица се спроведени на Инфективното одделение да им се напарави крвна слика и снимка на белите дробови.

-Петмината осуденици се во добра здравствена состојба и се изолирани во две посебни простории, нашиот лекар е во комуникација со инфектолозите и во текот на денот им се прави и мерење на телесната температура и сатурација, информира тој.

Директорот не го открива индентитетот на осудените лица, но неофицијално меѓу заразените се и Митко Чавков поранешен директор на БЈБ и Митко Пешов началник на специјалните полициски сили. Ова е втор бран, со што досега се заразени седумина осуденицици, а заразата ја поминале претходно 15 вработени.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2021 16:28