Во струмичката болница се лекуваат 120 ковид-пациенти, а од нив 25 се на болничко лекување, информира директорката Катерина Кузмановска.

-Во дневната болница имаме 95 пациенти, кои секој ден доаѓаат да ја примат терапијата, а 25 се на болничко лекување и најголем дел се на кислородна подрршка. Од вчера почна да дежура медицинска екипа со лекари и сестри, односно 8 лекари специјализанти кои работат со тројца лекари инфектолози за да можеме да ја дадеме негата на пациентите и да можеме да ги опсервираме, рече Кузмановска.

Во рамките на струмичката болница функционира и модуларната во која се лекуваат пациенти на дневна основа, а вкупно има слободни 37 легла. Капацитетот за неколку денови ќе се прошири за уште 25 кревети обезбедени од денешната донација од „Еуромакс ресоурцес“, кои треба да бидат приклучени на централниот довод за кислород.

Од болницата апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, бидејќи клиничката слика кај сите пациенти е тешка, а болеста ги напаѓа сите категории граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2021 23:36