Министрството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека Иран го ослободи капетанот на јужнокорејскиот танкер запленет во јануари и оти бродот ја продолжил пловидбата.

Бродот беше запленет во момент кога Техеран вршеше притисок врз Сеул поради замрзнување на повеќе милијарди долари по воведувањето на американските санкции.

Иранската морнарица на 4 јануари го заплени танкерот што пловеше под знаме на Јужна Кореја со образложение дека е ризик за животната средина. Тоа доведе до тензии на Блиски Исток помеѓу Техеран и Западот. Иран тогаш објави дека почнал да збогатува ураниум до 20 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 10:51