Бразилскиот Сенат најави дека ќе дебатира за одговорноста на претседателот Жаир Болсонаро, кој е против воведување на строги епидемиолошки мерки во борба со пандемнијата со Ковид-19 поради зачувување на економијата.

Во Бразил во изминатите 24 часа од последици од Ковид-19 починаа 4.249 луѓе, што е рекордна бројка на дневно ниво. Болниците се преоптоварени и се соочуваат со недостиг на лекови.

Бразилското Национално здружение на приватните болници (АНАХП) претходно соопшти дека и во најбогатите болници недостигаат лекови и други медицински средства, како кислород и респиратори.

Болсонаро во средата изјави дека последиците од пандемијата секаде се слични и оти и во други држави масовно се умира од последици од Ковид-19. Тој тврди дека борбата со коронавирусот се користи во политички цели за соборување на претседателот.

Во Бразил досега од последици од Ковид-19 починаа 345.000 луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 11:33