Екипите на истанбулската управа на полицијата за борба против организиран криминал започнаа акција за приведување на осомничени лица за кои утврдиле дека биле активни на територијата на градот во кривични дела како „злосторничко здружување“, „киднапирање“, „тешка кражба“, „изнуда“, „мито“, „закана“ и „нанесување телесни повредди“, „закана“ и „лишување од слобода“, пренесе Турскиот CNN.

Во рамките на предметната истрага се спроведува истовремена операција за фаќање на 63 лица, предводени од Седат Пекер, на 121 адреса, во пет окрузи, чиј центар е Истанбул.

Во пет окрузи, чиј центар е Истанбул, започна операција против 63 лица „здружени во група на организиран криминал“, меѓу кои е и Седат Пекер. Соопштено е дека Седат Пекер е надвор од земјата. Два дена претходно во Македонија 9 полицајци се приведени под обвинение дека издавале лажни документи за државјанствол. Помеѓу лицата со лажно државјанство се наведува и Седат Пекер.

Како што се наведува, во акцијата се користени беспилотни летала за надгледување, со поддршка од тимови за специјални операции, при што се приведени многумина од осомничените, а потрагата продолжува на предвидените адреси.

Исто така, се наведува дека Седат Пекер е надвор од земјата. Полицијата врши претрес во вилата на Седат Пекер во истанбулската населба Бејкоз. Се претбарува и неговиот луксузен џип во вилата.

Во пет окрузи, чиј центар е Истанбул, се спроведува операција чија цел се Седат Пекер и негови луѓе. Полицијата утрово во раните часови влезе во вилата на Пекер во Бејкоз. По влегувањето екипите почнаа пребарување во вилата.

Полицијата врши претрес и во возилата што се затекнати во вилата, при што до детали се прегледува луксузниот џип затекнат во вилата.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 15:19