Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел објасни дека Руската Федерација е слободна по сопствено убедување да преместува делови од вооружените сили низ својата територија. Тоа го соопшти Дмитриј Песков, прес-секретар на рускиот претседател, коментирајќи го повикот на Меркел во разговор со рускиот лидер да не се зголемува присуството на војници во близина на границата со Украина.

– Претседателот ги даде потребните објаснувања, рече Песков. – Прво, ние сме апсолутно слободни да ги преместиме вооружените сили и сите единици низ територијата на Руската Федерација по наша проценка”.

– И второ, дека, се разбира, Украина сега потенцијално станува многу нестабилен регион и секоја земја што има нестабилен, опасен, експлозивен регион во близина на своите граници, презема чекори за да ја обезбеди сопствената безбедност, истакна Песков.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 15:38