Официјални претставници од Иран, Кина, Русија, Франција, Германија и Велика Британија следната недела ќе ги продолжат разговорите за враќање на Соединетите Американски Држави во нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, по „конструктивната размена“ на мислења оваа недела, соопшти денеска Европската унија.

Заедничката комисија на потписниците на Сеопфатниот меѓународен договор за иранската нуклеарна програма (ЈЦПОА) одржа разговори во Виена, предводени од официјален претставник назначен од високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел.

„Заедничката комисија беше информирана за работата на двете експертски групи за укинување на санкциите и за спроведување на мерките за нуклеарна безбедност, а учесниците имаа конструктивна размена на мислења“, се вели во соопштението на ЕУ.

Експертските групи ќе продолжат да работат во текот на следната недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 22:07