Олимписката победничка во стрелаштво во дисциплината скит Унгарската Дијана Игалу почина на 56-годишна возраст од компликации поврзани со коронавирус, соопшти Унгарската федерација во стрелаштво.

Игалу починала денеска, три дена откако била примена во болница.

Својот најголем успех во кариерата го постигна на Олимписките игри во Атина во 2004 година, освојувајќи го златниот медал во скит со што стана првата Унгарка која освои злато во стрелаштво.

Четири години порано, на Игрите во Сиднеј, ја освои бронзата, а во кариерата четири пати беше светски, а шест пати европски првак со вкупно 32 медали на големите натпреварувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 22:11