Украинските власти соопштија дека нема да почне офанзива против проруските сепаратисти кои контролираат два региона на истокот на земјата.

Киев го објави соопштението поради стравот од голема ескалација во источна Украина. Во последните недели се интензивираат судирите меѓу украинската армија и сепаратистите, а Русија започна да собира трупи долж границата.

„Ослободувањето на привремено окупираните територии насилно ќе доведе до смрт на многу цивили и многу жртви меѓу војската, што е неприфатливо за Украина“, изјави Руслан Комчак, началник на Генералштабот на украинската армија.

Тој ја обвини Москва дека прибегнува кон „заплашување и изнуда од воени сили“ за да ја влоши ситуацијата.

„Украина е поддржана од целиот цивилизиран свет. Ние не сме сами пред непријателот”, додаде Комчак.

Белата куќа соопшти дека Русија го презела најголемото трупање војници на нејзината граница со Украина од 2014 година, кога изби војната во источна Украина и Русија го анектираше Крим.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 22:24