Демократска партија на Албанците (ДПА) во известување до медиумите информираше дека утре ќе го промовира кандидатот за градоначалник на Тетово.

Претходникот на Теута Арифи, Сади Беџети, беше кандидат токму од партијата ДПА. Теута Арифи е градоначалничка на Тетово во два мандата, почнувајќи од 2013 година.

Датумот за локалните избори се уште не е познат, а од политичките партии се најавува за крајот на октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 23:01