Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ потсетуваат дека од 6 април до 16 април 2021 година ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А1 (Е75) наплатна станица Градско, за поставување патна опрема на наплатни станици за подобрување на безбедноста на сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2021 12:04