До понеделник времето ќе се задржи стабилно со пораст на дневната температура, а утринската уште утре во најголем дел од земјава ќе биде околу или под нулата, соопшти УХМР.

Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на температурата.

Во петок утринските температури ќе се спуштат до -5, а дневните од среда ќе бидат максимум 18 степени.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2021 13:40