Уште утре времето ќе биде стабилно со дополнителен пораст на дневната температура, а од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на температурата. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Денеска времето е сончево со мала до умерена локална облачност, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен. Слично е времето и во Скопје, каде се очекува температура до 19 степени.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2021 14:03