За време на последните парламентарни избори во Бугарија немаше кибер напади, изјави за локалниот весник „Труд“, комесарот Владимир Димитров, раководител на Одделот за компјутерски криминал во Генералниот директорат за борба против организираниот криминал.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, последниот голем кибер напад во Бугарија е извршен за време на локалните избори во октомври 2015 година, кога беа блокирани веб-страниците на Централната изборна комисија, Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тогашниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев, кажа дека нападот дошол од Русија и инсистираше на целосна истрага за случајот.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, поранешниот шеф на „Кијбер криминал“ , Јавор Колев, во март 2019 година истакна дека за тој нападот во Бугарија е осомничена хакерската група „ Sofacy-Fancy bears “, поврзани со руското воено разузнавање, која, пак, беше осомничена и за манипулациите со изборниот процес во САД во 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2021 15:01