Борачите на македонската репрезентација, составена од членови на „Д Стронгест & РООТС БЈЈ“, на меѓународен турнир во граплинг во Србија освоија два златни и два сребрени медали, и се пласираа на четвртото место на табелата.

– На силниот меѓународен турнир во граплинг, ADCC Serbia 2021 кој вчера се одржа во Ковин, по пауза од година и нешто, нашата репрезентација предводена од селекторот Ивица Алексовски настапи со шест натпреварувачи (двајца за прв пат настапија на ваков меѓународен турнир). Членовите на нашиот клуб се покажаа во право светло. Тројца натпреварувачи од осум борби, добија седум борби и освоија два златни медали и еден сребрен медал, соопштија од клубот „Д Стронгест & РООТС БЈЈ“.

Даниела Алексовска и Ева Илиевска освоија два златни медали, а Марко Петровски и Ане Цветковска освоија два сребрени медали.

За македонската репрезентација настапија натпреварувачи од Скопје, Охрид и Куманово, кои во конкуренција од 47 силни тимови, од САД, Мексико, Полска, Италија, Словачка и други држави го освоија четвртото место.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2021 15:25