Заев да каже дали за него се отвори хотели во сред пандемија за да се одмара после дивеењето со мотори?

Заев треба да знае дека додека се одмара на мотор, докторите работат 24 часа на ден, 55.000 луѓе останаа без работа, и половина милион живеат со 2 евра на ден.

Додека тој дивее со мотор, луѓе блиски до неговото семејство пренесуваат дрога во милионски суми.

Заев да не лаже, туку да каже дали Александар Ушилковски е возач на Трајче Заев и дали комбето е на фирма блиска до нив?

Заеви да не се обидуваат да бегаат од одговори. Александар Ушилковски беше виден од цела Македонија на Рекорд паркиран со Мајбахот на Трајче Заев.

Заев да кажат и дали комбето е на фирма која е во партнерски односи со нивни фирми?

Колку и да се труди Заев да избега од вистинските прашања, нема да избега. Одговори мора да даде!



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2021 16:24