Владата денеска ја објави листата на лица кои се тековно ангажирани преку авторски договори за специфични задачи кои не може да се обезбедат од редот на вработените. Листата на професионални соработници, велат од Владата, потврдува дека нема „тајни хонорарци“, туку транспарентно ангажирани стручни лица за извршување задачи за Владата преку кои институциите им служат на граѓаните.

Според објавените информации, хонорарите на ангажираните соработници варираат, а меѓу најголемите се оние на Владимир Цветковиќ кој добива 60.000 денари народни пари па следува хонорарот на универзитетскиот професор Ванчо Узунов, кој добива надоместок од 53.000 денари.

Во таа насока, како што потенцираат, упатуваат јасна порака дека Владата и институциите ќе ги искористат сите институционални механизми кои се на располагање да ги заштитат професионално ангажираните лица од јавен линч, нарушување приватност, говор на омраза или повици за насилство.

-Уште еднаш категорично ги отфрламе сите дезинформации дека наводно исти лица биле вработени во Владата и во исто време добивале хонорар. Тоа не е точно бидејќи е недозволиво вработени во Владата да бидат и хонорарно ангажирани од Владата, се вели во сооштението.

Исто така, од Владата ги отфрлаат и како неточни и информациите дека станува збор за луѓе кои биле платени да споделуваат постови на „Фејсбук“ или „Твитер.“ Тоа, велат, е лага измислена и раширена токму од оние центри кои користат „ботовски” системи за ширење лажни вести, а Владата е противник на таквото нечесно манипулирање со граѓаните.

Владимир Цветковиќ и Ванчо Узунов со најголеми хонорари, надоместоците достигаат и до 1.000 евра

Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2021 17:22