Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска им оддаде почит на починатите момчиња и рибарот кај Смилковско езеро.

- Девет години од петкратното убиство на Смилковското езеро. Девет години на болка, исчекување, неправда.

Девет години на лажна надеж од Заев и едно траорно и ужасно манипулирање со оваа огромна трагедија.

Монструозно поигрување со болката на нивните семејства.

Девет години од бруталното убиство на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски. Овие луѓе не погрешија ништо, а платија со животите. Нема да бидете заборавени.

Слава им!, сподели Мицкоски на социјалните мрежи



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2021 22:14