Изгледот на зградите кај хотелот „Холидеј Ин“ за прв пат беше презентиран преку фотографија во „Топ Тема“ на Телма.

Архитектот Мартин Пановски рече дека во зградата се предвидени 400 станови, во кои би требало да живеат 1.200 до 1.300 луѓе.

Граѓаните претходно почнаа петиција со која бараат стопирање на изградбата на висококатниците спроти хотелот „Холидеј Ин“, а дел од архитектите обвинија дека ќе биде изградено бетонско чудовиште.

Ахритектот Пановски тврди дека проектот е со пешачко движење, отворена комуникација кон плоштад и зеленило.

Зградата кај Холидеј Ин ќе биде со 400 станови за околу 1.200 до 1.300 луѓе, вели архитектот на истата Пановски


Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2021 22:15