Тренерот на Челзи, Томас Тухел ги сподели своите очекувања за осминафиналето во Лигата на шампионите против Порто.

– Пасивен фудбал? Ние не играме така и мислам дека не вреди да се смени нашиот пристап. Треба само да се фокусираме на нашата сопствена игра, да се обидеме да го покажеме нашиот најдобар фудбал, што треба да ни помогне да се пласираме во полуфиналето. Веројатно, Порто е во предност во извесна смисла – тие имаат јасна задача во форма на три гола. Можеме да се најдеме во незавидна позиција ако се одлучиме да ја браниме нашата предност. Се надевам дека мојот тим ќе биде подготвен за предизвикот и ќе може да прикаже добар фудбал, изјави Тухел.

Натпреварот Челзи – Порто е закажан за утре, 13 април со почеток во 21 часот на неутрален терен во Севиља, Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2021 22:45