Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска ја заврши првата презентација за клучна акција еден, мобилност за учење на идивидуи.

-Клучната акција 1 овозможува многу во делот на едукативните процеси, овозможува мобилност, тренинзи и обуки што го унапредуваат образованието, а средствата што ќе бидат извоени за К1 изнесуваат близу 3,569,051.00 евра, велат од Аенцијата.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност информира дека е голем интересот за презентацијата, односно над 200 лица ја следеле денешната презентација.

Презентацијата за клучната акција еден продолжува и на 13 и 14 април 2021 година од 11:00 до 13:30 часот, додека од 19 до 23 април предвидена е презентација за клучна акција два. Агенцијата соопшти дека за двете клучни акции пријавени се речиси 550 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2021 22:52