Австралија се откажа од целта за вакцинирање на речиси сите 26 милиони жители до крајот на 2021 година откако беше препорачано луѓето на возраст под 50 години да се вакцинираат со вакцината Фајзер наместо со АстраЗенека.

„Австралија, која многу се потпираше на вакцината АстраЗенека, нема да постави нови цели за да ја исполни својата програма за вакцинација“, напиша премиерот Скот Морисон на Фејсбук.

„ИАКО БИ САКАЛЕ ДА ГИ ПОТРОШИМЕ СИТЕ ДОЗИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, ТАА ЦЕЛ Е НЕВОЗМОЖНО ДА СЕ ПОСТИГНЕ СО ОГЛЕД НА МНОГУТЕ НЕПОЗНАНИЦИ ШТО СЕ ПОЈАВИЈА“, НАПИША МОРИСОН.

Властите во Канбера во четвртокот ја сменија препораката за вакцинација за лица помлади од 50 години, откако европското регулаторно тело повторно предупреди на можноста за поврзаност помеѓу вакцината АстраЗенека и извештаите за ретки случаи на згрутчување на крвта.

Австралија, која минатата недела набрзина ја удвои нарачката за вакцини Фајзер, првично планираше да го вакцинира целото население до крајот на октомври.

Досега се администрирани 1,16 милиони дози на вакцини, додаде Морисон, истакнувајќи дека темпото на спроведување на програмата за вакцинација во Австралија е во чекор со темпото во земји како Германија и Франција и побрзо отколку во Канада и Јапонија.

Австралија започна со вакцинација многу пред некои земји, главно поради малиот број на заразени, што е нешто помалку од 29.400 од почетокот на пандемијата, со 909 смртни случаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2021 23:22