Советот на ЕУ денеска соопшти дека се продолжуваат санкциите против лица и ентитети од Иран до 13 април 2022.

Како и повеќето ЕУ санкции и овие се состојат од замрзнување на имот и забрана за патување, како и забрана за извоз на опрема која би можела да се користи за внатрешна репресија или за следење на телекомуникации, информираа од Советот на ЕУ.

И натаму им се забранува на граѓаните и компаниите на ЕУ да ставаат финансии на располагање за лицата и ентитетите против кои се изречени санкции.

Советот на ЕУ додаде денеска уште осум лица и три ентитети на црната листа за Иран поради нивната улога во репресијата на протестите во ноември 2019. Вкупниот број на санкционирани лица во Иран сега изнесува 89, и четири ентитети.

Европската Унија воведе санкции прв пат во 2011 и од тогаш секоја година се обновени.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2021 23:48