Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, коментирајќи го шпионскиот скандал во кој беше откриена група поранешни и сегашни воени разузнавачи кои работеле за руско воено разузнавање, за Би-Ти-Ви изјави дека Бугарите треба да мислат на Бугарија, и да не извршува нечии наредби.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Митрофанова саркастично коментира дека „бугарските власти требало да покажат лојалност кон земјопоседниците“. Таа додаде дека во дипломатијата има јасен одговор, што значи дека Москва ќе прогласи за „персона нон грата“ двајца бугарски дипломати од Москва како одговор на претходно протераните двајца руски дипломати од Бугарија.

Елеонора Митрофанова изрази мислење дека постои голем потенцијал за соработка меѓу Бугарија и Русија, кој воопшто не е активиран, „поради сегашните бугарски сојузници, кои се многу желни да ја изместат Русија од сите сфери на соработка“.

Најважно, според руската амбасадорка во Софија, било „Бугарите да мислат на Бугарија, а не да исполнуваат нечии наредби. Да соработуваат со секого и да имаат корист од секого. Тоа е најважно, затоа што Русија постојано размислува дали Бугарија е со ЕУ, или со САД, или со Русија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2021 23:53