Француската влада поднесе амандман на законот за „сепаратизам” за борба против странско мешање преку отворање училишта надвор од договорот (кои немаат договор со државата и не добиваат субвенции од неа), со овој амандман на иницијатива на министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманан, префектот ќе може да се спротивстави на отворање на училиште, јави дописникот на МИА.

За време на разгледувањето на нацрт-законот со кој се потврдува почитувањето на принципите на Републиката во Сенатот во понеделникот попладне, попознат како закон против сепаратизмот, владата поднесе амандман кој има за цел да се бори против мешањето на странски земји или институции со отворање училишта надвор од договорот. Амандман поднесен на иницијатива на претседателот Емануел Макрон и неговиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманан, како одговор на појавата на контроверзии во врска со изградбата, во Албертвил, на училиште од Мили Гориш.

Со овој амандман, префектот ќе може да се спротивстави на отворање на училиште „од причини извлечени од меѓународните односи на Франција или одбраната на нејзиниот суверенитет”.

Оваа нова законодавна алатка ќе овозможи да се спротивстави на отворање училишта како она во Албертвил, што предизвикува загриженост. Проектот е на иницијатива на турското исламско здружение Мили Гериш, кое одби да ја потпише „повелбата за принципите” на исламот во Франција.

По колумната на градоначалникот на Албертвил објавена во„Фигаро”, претседателот од редовите на Републиканците од регионот Оверњ-Рона-Алпи, Лоран Вокие, ги повика властите да го „спречат инсталирање” на установата, во писмото испратено до претседателот на Емануел Макрон и објавено во весникот „Ле Дофине”.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2021 23:55