Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнстин е обвинет за 11 нови сексуални злосторства во Округот Лос Анџелес (САД), за што тој би можел да биде испратен во Калифорнија овој месец од затворот во Њујорк, каде што веќе издржува казна за сличен случај.

Во видео-врска, адвокатот на поранешниот продуцент, Норман Ефман тврди дека неговиот клиент не е во можност да премине од источниот на западниот брег на САД поради неговото кревко здравје, бидејќи го губи видот и му требааат неколку стоматолошки операции.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2021 11:27