Филмската интернет-страна „ФАН“ објави листа од најдобрите филмови за Вселената во чест на Денот на космонаутиката. Според нив, на врвот е класиката „Вселенска одисеја 2001“ (1968 г.) на режисерот Стенли Кјубрик.

„Дури и ако никогаш не сте го погледнале овој филм, веројатно ви се познати сликите од него: суперинтелигентниот компјутер ’ХАЛ 9000‘ со црвено око или сликата на ембрион којшто лебди во ѕвездите“, велат авторите на рангирањето.

Втор на списокот е „Осмиот патник“ на Ридли Скот. Филмскиот хит на Кристофер Нолан „Интерстелар“ од 2014., ги затвора првите три. А пак, во врвната десетка се: „Аполо 13“, „Војна на ѕвездите: Нова надеж“, „Гравитација“, „Месечина 2112“, „Вол-И“, „Инферно“ и „Соларис“.

Рангирањето се заснова на рејтингот, критики, оценки, број гледачи и заработките на киноблагајните. Податоците се собрани од порталите „Машабл“, „Стакер“, „Вајрд“, „Кинопоиск“, „Филм про“, „Киновар“, „Ротен томатос“, „Кино мејл“, „Скрин рент“, „Есквајер“, „Спејс њуз“, „Рингер“, „ИМДБ“ и „Сајфај“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2021 11:28