Хумористичната серија „Пријатели“ се прослави низ целиот свет, па денес, впечатокот говори дека нема човек на ова поднебје кој не ги знае Рејчел, Рос, Моника, Чендлер, Фиби и женкарот Џои.

ТВ-серијата се прикажуваше 10 сезони и заврши пред 16 години, па многумина ги интересира – кој од шестмината глумци во главните улоги (Џенифер Анистон, Дејвиид Швимер, Кортни Кокс, Метју Пери, Лиза Кудроу и Мет ле Бланк), заработил најмногу? Во првата сезона, тие земале хонорар од 22.000 долари за една епизода, но веќе за втората, барале и настојувале на 100.000 долари во просек, а на крајот стигаат и до милион долари по епизода.

Освен тоа, серијата сѐ уште заработува од репризирањето, па глумците имаат право на по два насто и од тој колач.

Така, според ранг-листата, Мет (Џои) е шести – со заработени 80 милиони долари од серијата. Над него е Лиза (Фиби), со 90 милиони, а четврти е Дејвид (Рос) – 100 милиони долари.

Второто место го делат Кортни и Метју (Моника и Чендлер), со по 120 милиони долари.

На врвот е, можеби и најпознатата, или барем најзастапената во американскиот и светскиот печат изминативе скоро цели три десетлетија – Џенифер Анистон. Таа само од „Пријатели“ заработила 300 милиони долари, што, според многумина, беше нејзината „отскочна даска“ во повисоката филмска индустрија.

Специјалната епизода „Пријатели: Повторна средба“, според „ИМДБ“ се снима, но сѐ уште нема официјален датум на прикажување. Претходните 10 сезони се достапни на стрим-платформата „Ејч-би-оу“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2021 13:37