Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја претстави специјалната кацига со која ќе настапи на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Емилија-Ромања.

На домашната сцена, Леклер одлучи да им го посвети дизајнот на навивачите на тимот и ги вклучи зборовите „Тифози“ и „Маранело“.

– Кацигата за овој викенд е знак на благодарност до сите вас за вашата поддршка. Пречекот што го имаме во Италија е секогаш посебен и жално е што не можете да бидете со нас во Имола. Се надевам дека сите ќе се вратите на трибините наскоро, напиша Леклер на Твитер.

Трката е закажа за в недела со почеток во 15 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2021 14:41