Петтиот рекет на светот Стефанос Циципас, попладнево го победи Андреј Рубљов со 2-0 во финалето на турнирот во Монте Карло и ја освои шестата титула во кариерата и првата од серијата Мастерс.

Двата сета Циципас ги доби со 6:3 во меч што траеше 1 час и 12 минути.

Билансот на Гркот во финалињата е шест победи и осум порази.

Воедно, 22-годишниот Циципас стана најмладиот шампион на Монте Карло од 2008 година, кога Рафаел Надал го освои трофејот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2021 16:30