Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер најави дека ќе учествува на Грен слемот „Ролан Гарос“.
– Среќен сум што објавувам дека ќе играм на турнири во Женева и Париз. До тоа време планирам да тренирам, напиша Федерер на Твитер.
Триесет и деветгодишниот Швајцарец не се натпреваруваше повеќе од една година поради здравствени проблеми. Во март играше на АТП турнирот во Доха, каде стигна до четвртфиналето, по што повторно прекина со натпреварите.
АТП турнирот во Женева ќе се одржи од 16 до 22 мај, додека „Ролан Гарос“ е предвиден да се игра од 30 мај до 13 јуни.