Одлуката за присуство на локални навивачи на Олимписките игри (ОИ) во јапонската престолнина Токио, најверојатно, нема да биде донесена до јуни, еден месец пред закажаниот почеток на Игрите, јавија денеска јапонските медиуми.

Минатиот месец беше донесена одлука за забрана за присуство на навивачи од странство на летната Олимпијада, а се очекуваше одлуката за јапонските навивачи да биде донесена во април.

Според локалните медиуми, одлуката ќе биде пролонгирана за да следи развојот на епидемиолошката состојба поврзана со коронавирусот во Јапонија

Игрите беа одложени за една година поради пандемијата на Ковид-19 која изминатиот период повторно зема замав во Јапонија.

Игрите треба да започнат на 23 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2021 23:30