Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се состана со главниот тренер Роналд Куман и четворицата капитени на каталонскиот клуб за да ја разјасни позицијата на клубот во Супер лигата на Европа.

Според „Мундо Депортиво“, синоќа Лапорта разговарал со Куман, а утрово со капитените на Барселона. Тој кажал дека Барса мора да ги брани своите интереси при создавањето на Супер лигата. Со оглед на сериозната економска криза што ја доживуваат фудбалските клубови поради пандемијата на коронавирусот, потребно е да се бара начин да се остварат дополнителни приходи. Според Лапорта, клубовите добиваат премалку пари од распределбата на приходите од УЕФА и ФИФА, особено од Лигата на шампионите.

Лапорта одржува контакти со сите страни во оваа ситуација – со клубовите основачи на Супер лигата, со националните фудбалски федерации и со меѓународните фудбалски организации.

Куман и капитените на Барселона изразиле разбирање за ставот на Лапорта и ги прифатија неговите објаснувања.

Барселона е еден од четирите клубови основачи на Супер лигата кои допрва треба да го соопштат повлекувањето од турнирот. Осум тимови веќе го напуштија проектот



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2021 15:38