Фудбалската репрезентација на Бразил ќе игра во групата Г на Олимписките игри во Токио со Германија, Брегот на Слонова Коска и Саудиска Арабија, одлучено е денеска со жрепка.

Бразилските фудбалери ја бранат олимписката титула освоена на Игрите во 2016 година на домашен терен.

Во финалето ја совладаа Германија со која во Токио ќе бидат во иста група.

Групата А ја сочинуваат домаќинот Јапонија, Јужна Африка, Мексико и Франција, во групата Б се Нов Зеланд, Јужна Кореја, Хондурас и Романија, додека групата Ц ја сочинуваат Египет, Шпанија, Аргентина и Австралија.

Олимписките игри во Токио, што минатата година беа одложени поради пандемијата на коронавирус, треба да се одржат од 23 јули до 8 август.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2021 22:27