Шведската Влада предупреди дека ќе воведе нови, построги ограничувања доколку луѓето одлучат да ги игнорираат постојните ограничувања во борбата против коронавирусот и се зголеми притисокот врз здравствениот систем, кој веќе се бори против третиот бран на епидемијата.

Скандинавската земја, која се потпира на доброволно почитување на рестриктивните мерки од страна на граѓаните, регистрира голем број нови пациенти во одделите за интензивна нега од почетокот на епидемијата.

Во некои региони, одделите за интензивна нега се полни, а процентот на достапни кревети за најсериозно болни во целата земја е под 20 проценти.

– Стапката на инфекции не паѓа сама од семе, предупреди министерката за здравство и социјални работи Лена Халенгрен.

Таа ја истакна потребата од усогласување со постојните правила и препораки, но не исклучи построги мерки доколку ситуацијата се влоши. Министерката не рече какви чекори може да се преземат и што може да предизвика воведување построги ограничувања.

Шведска денеска регистрира 7.510 новозаразени и 38 смртни случаи. Од очетокот на пандеијата починале 13.863 луѓе.

Податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести покажуваат дека Шведска е меѓу земјите со најголем број нови случаи по глава на жител во ЕУ во последните 14 дена, но меѓу земјите со најмала смртност.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2021 22:41