Калчолигашот Наполи ќе ја активира клаузулата во договорот со Дрис Мертенс, кој е најдобар стрелец во историјата на клубот, со цел белгискиот напаѓач да остане во Неапол до лето 2023 година, односно една година подолго од планираното, јавија денеска италијанските медиуми.

Мертенс ја игра осмата сезона во дресот на Наполи, постигнувајќи досега 134 голови. Зад него се Марек Хамшик (121), додека Диего Марадона е на третото место со 115 голови.

Иако имаше проблеми со повредите, а наскоро ќе го прослави и својот 34 роденден, Мертенс оваа сезона постигна девет голови, додавајќи и осум асистенции. Во Наполи дојде во 2013 година од ПСВ Ајндховен во трансфер вреден 9.5 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2021 22:49