Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, се врати денеска на тренинзите, откако поради повреда на ногата ги пропушти последните два натпревари во шпанското првенство.

Како што наведуваат шпанските медиуми, уругвајскиот напаѓач го одработил целиот тренинг со екипата и ќе биде подготвен за утрешниот првенствен натпревар против Хуеска на домашен терен.

Атлетико, кој е лидер во Ла Лига со 70 бодови, три повеќе од градскиот ривал Реал, се соочува и со повредите на Жоао Феликс и Томас Лемар, кој најверојатно ќе го пропуштат утрешниот натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2021 22:50