Петтиот светски тенисер, Гркот Стефанос Циципас обезбеди пласман во финалето на турнирот во Барселона, откако го совлада денеска Италијанецот Јаник Синер со 6:3, 6:3.

За победата над 19. тенисер на АТП листата на Циципас му беа потребни еден час и 23 минути.

Грчкиот тенисер го реши првиот сет во своја корист со брејк при резултат 4:3, додека во вториот сет стигна до два брејка на сервис на Синер.

Циципас, кој минатата недела го освои мастерс турнирот во Моне Карло, во финалето во Барселона за противник ќе го има подобриот од шпанската пресметка меѓу Рафаел Надал и Пабло Карењо Буста.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2021 23:53