Шпанецот Рафаел Надал и Гркот Стефанос Циципас, првиот и вториот носител на АТП турнирот од серијата 500. во Барселона, ќе играат во утрешното финале.

Надал попладнево во полуфиналето славеше над сонародникот Пабло Карењо – Буста со 6:3, 6:2, додека Циципас претходно денеска беше подобар од Италијанецот Јаник Сибер со 6:3, 6:3.

Надал утре ќе игра за својата 12 титула во Барселона, а за противник ќе го има минатонеделниот победникот на мастерсот во Монте Карло и тенисер, кој сезонава има ефект од 9:0 на земјени терени.

Во меѓусебните дуели со Циципас, Шпанецот Надал води со 6:2 во победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2021 00:27