Македонскиот атлетичар Александар Кираџиев го освои шестото место на Балканското првенство во маратон, што изминатиот викенд се одржа во украинската престолнина Киев.

Кираџиев ја истрча патеката со време од 2 часа и 47 минути.

Златниот медал го освои Турчинот Хусеин Џан (2:19:22), пред неговиот сонародник Халил Јасин (2:24:08), додека трет низ целта мина украинскиот маратонец Дмитро Пожевилов (2:28:53).



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2021 14:07